од Владимир Мартиновски

Другарка ми Моника Од Дедо Мраз побара Бела хармоника (Па нека е и помала). Хармониката на Моника Бела секако ќе биде (Како снежна хармонија) Штом ќе ја добие зиме. А и да не биде баш целосно нова (со својата бела хармоника Моника) Ќе ја развесели детската соба. (А и да не биде баш целосно бела) Моника со својата хармоника Ќе ја стопли планетава цела.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: