Чудна шума препорачува…
Денеска во нашата читална препорачуваме неколку одлични книги за деца. 🙂

Сликовницата „Чудесни апарати“, песни на Гвидо Тартаља и илустрации на Владимир Лукаш, во издание на Темплум.
„Што прават фотографите со малите врапци што секојпат излетуваат од нивните апарати кога при сликање некое дете осветлуваат?!“

Сликовницата „Сосем обичен ден“ на Марк Јансен, во издание на Сказнувалка.
Вечер е. Ива и Матеј размислуваат за нивниот здодевен ден. Сосем обичен ден во кој ништо не им се случи... Па, добро... Матеј направи стој на раце, отиде на пливање, си поседе малку, Ива здогледа пеперутка и се лизгаше на лизгалка. И токму тука испливува магијата на детската имагинација - мечтателно илустрирана од Марк Јасен. Зашто стој на раце Матеј направи врз главата на тигар. Се одмори на носот на огромен змеј, пливаше со некакви чудни, шарени риби. Ива се лизгаше на сурла од слон и ја виде пеперутката додека стоеше опкружена со медени мечиња.

Сликовницата „Азбукварка“ на Ванчо Полазаревски и илустрации на Наташа Костовска, во издание на Чудна шума.
Зајак и змија заедно? Зар е можно? Зошто да не?! Но само за миг. Зајакот е во зорт, змијата во скок!
Прочитајте извадок од сликовницата ТУКА.

Сликовницата „Јазовецот Итре ја најде големата љубов“ на Петр Станчик и илустрации на Луцие Дворжакова, во издание на Бегемот.
Детскиот јунак, јазовецот Итре од Габровата шумичка, љубопитен и другарски настроен градител на подземни ходници и дувла, во својата приказна судбински се вљубува. И тоа во убавата ласица Аничка – но, не е единствениот што сака да ја придобие. Па, така, Итре мора да се бори за својата љубов со искусниот твор Смрдолф. Нашите нежни влакнести јунаци ќе се најдат во тајната пештера полна со опасни суштества, кои сакаат да им го одземат животот. Смелиот Итре нема да го победи својот противник со сила, туку со храброст и со снаодливост и со тоа конечно ќе ја убеди Аничка дека тој е вистинскиот.
Прочитајте извадок од сликовницата ТУКА или симнете пдф-документ ТУКА.