Day: 17th Април 2020

Мачорот Eстета

од Ванчо Полазаревски Ако видите  покрај река мачор  како шета, тоа е мачорот Естета. Го видов есен рана, покрај река  ловеше храна. Риба, се разбира. И, имаше среќа фати крап,  мајко мила, крап од две кила, и кога требаше  мустаќ да слади, крап да јади, се загледа тој во него и си рече: „Каква убавина каква линија?! Ова нешто не е за во чинија.“ Без многу да чека го врати крапот в река. Остана гладен, штета, чудниот мачор, мачорот Естета. И затоа, ви велам, ако видите мачор како замислен  покрај река шета, гладен а среќен, тоа е тој – мачорот Естета. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира

Сон, слон и балон

од Владимир Лукаш Слон врз слон врз слон стојат на шарен балон. Зајко ги гледа, зема една креда и почнува да ги црта врз куќата на кртот. „Зајко, покрив ќе ми урнеш, оџак ќе ми турнеш! Помести се еден метар оти ќе го видиш свети Петар!” – кртна Владо, кртот лут и му седна на Зајко в скут. „Нани, нани, крту Владо и сонувај цело стадо овци што те стрижат дур очички ти мижат.” Кртот заспива мирно в полето ширно, но часови минаа и слоновите заминаа… „Ах, крту кртосан, ќе земам сега барабан и од сон ќе те рипнам в дупка ќе те џитнам! Кај ли сега да идам слонови врз балон да видам?”   А на небото, високо, невидливи со голо око, слон врз слон врз слон летаат на шарен балон. Трудови на децата-учесници на Креативниот предизвик #1, организиран од авторот Владимир Лукаш, Чудна шума и Детскиот креативен центар во МКЦ (предавачи: Доротеј Нешовски и Билјана Црвенковска)