од Ванчо Полазаревски

Ако видите покрај река мачор како шета, тоа е мачорот Естета. Го видов есен рана, покрај река ловеше храна. Риба, се разбира. И, имаше среќа фати крап, мајко мила, крап од две кила, и кога требаше мустаќ да слади, крап да јади, се загледа тој во него и си рече: „Каква убавина каква линија?! Ова нешто не е за во чинија.“ Без многу да чека го врати крапот в река. Остана гладен, штета, чудниот мачор, мачорот Естета. И затоа, ви велам, ако видите мачор како замислен покрај река шета, гладен а среќен, тоа е тој – мачорот Естета.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор:
Уживам во гатанките и песничките. За идејата не постои карантин
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Илустрациите се извонредни
Ми се допаѓаМи се допаѓа