Песни, Списание „Чудна шума“
Напиши коментар

Сон, слон и балон

од Владимир Лукаш

Слон врз слон врз слон
стојат на шарен балон.
Зајко ги гледа,
зема една креда
и почнува да ги црта
врз куќата на кртот.
„Зајко, покрив ќе ми урнеш,
оџак ќе ми турнеш!
Помести се еден метар
оти ќе го видиш свети Петар!"
- кртна Владо, кртот лут
и му седна на Зајко в скут.
„Нани, нани, крту Владо
и сонувај цело стадо
овци што те стрижат
дур очички ти мижат."
Кртот заспива мирно
в полето ширно,
но часови минаа
и слоновите заминаа...
„Ах, крту кртосан,
ќе земам сега барабан
и од сон ќе те рипнам
в дупка ќе те џитнам!
Кај ли сега да идам
слонови врз балон да видам?"
 
А на небото, високо,
невидливи со голо око,
слон врз слон врз слон
летаат на шарен балон.

Трудови на децата-учесници на Креативниот предизвик #1, организиран од авторот Владимир Лукаш, Чудна шума и Детскиот креативен центар во МКЦ (предавачи: Доротеј Нешовски и Билјана Црвенковска)

Леонат Деспотоски, 6 години

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s