Дилема
од Владимир Лукаш Една пентарка-коза видела роза. „Да ја изедам ил’ негувам, со роса да ја полевам, да ми цути в дворче до зеленото борче? Што да ѝ правам на оваа ретка капка, да ѝ се восхитувам ил’ да ја лапнам?“ В стомакот – кркотница, в мислите – бркотница, а денот ведар – вистински дар: сонцето сјае како цицалче-срнче, од розата ѕирка бебешко трнче. Дизајн/илустрација: Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон