од Владимир Лукаш

Една пентарка-коза видела роза. „Да ја изедам ил’ негувам, со роса да ја полевам, да ми цути в дворче до зеленото борче? Што да ѝ правам на оваа ретка капка, да ѝ се восхитувам ил’ да ја лапнам?“ В стомакот – кркотница, в мислите – бркотница, а денот ведар – вистински дар: сонцето сјае како цицалче-срнче, од розата ѕирка бебешко трнче.
Дизајн/илустрација: Vecteezy.
Од истиот автор: