од Румена Бужаровска

Си бил еден бивол што љубел да љуби На страдање нејќел време да губи. Љубел тој сè – дал вол бил ил крава, љубов тој бивол безусловно давал! Бакнувал волно, нежно се галел, сите животни среќни ги правел. Се шлапкал во кал, мирисал рози, со шармот освојувал и јарци и кози. Но старецот-желка направил фрка, па фатил тој сите со гнев да ги брка. А биволот рекол: „Кому ли пречам? Напротив – од љубовни болки јас лечам! Ах, дојди ти желко, јас да те бакнам!” „Море марш ти оттука пред да те акнам!“ старецот-желка на сиот глас рикнал, а потем во оклопот тврд си се пикнал. Во мракот свој скриен, си плачнал од мака зашто во младоста тој недоволно сакал.
Илустрација: Јана Јакимовска
Од истите авторки: