Ќерката на брановите
Приказни од Sунливото Море од Билјана С. Црвенковска – Се прикажува – рече старицата со тивок, зарипнат глас – дека таму можеш да стигнеш само ноќе. – Само ноќе!? – праша Ален. – Зошто? Зошто не дење, мислам? – Таква е природата на Sунливото Море, влезот во него е видлив само на месечева светлина. – Влезот во него…? – Ах – воздивна старата, чувствувајќи се заморено од непресушните прашања на Ален. – Како што веќе ти кажав, за да дојдеш до Sунливото Море, мораш да го препловиш Ветровитиот Океан. Сега си тука… Таа почна да црта во песокта, а Ален се вдлабочи во нејзиниот цртеж. – Сега си на овој мал остров, значи речиси си при крајот на твоето патешествие. Ако тргнеш вечерва, можеби ќе успееш да стигнеш до Sунливото Море пред да се раздени. – А потоа? – повторно праша Ален. – Потоа, сè зависи од неа… – Од ќерката на брановите – тивко прошепоти Ален. Старата не одговори ништо, туку само кимна со главата. За неа муабетот беше завршен. Немаше веќе што да …