од Ана Голејшка Џикова

Се роди во семејство на гнездо над оџак бел растеше безгрижно со лет непогрешлив смел Кога порасна, посака да стане манекен висок, слабичок и убав штрк – феномен! Со шапка од слама и на нозе долги панталони штркот во поход тргна на модни писти и фазони Го сликаа во пози разноразни едиторијали го сакаа чавки, сојки и чучулиги големи и мали Еден ден баба му го виде на реклама по билборди „Којзнае овие неговиве колку се на штркот горди“ Зела му плете ќебе и порака му пиша згодна „Внучко, ти треба да носиш бебе кај една фамилија околна“ Штркот ја доби пораката ги симна очилата модни што да прави, работа си е работа плодни летови се плодни!
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истата авторка: