Day: 22nd Април 2020

Жабјо караоке

од Владимир Мартиновски Кога стануваат полнолетни  Полноглавците в ноќите летни Се собираат на матурска журка Која сè до рани зори си турка.   Никој не знае што ли сè пиеле Но нема шанси за миг да се спие  Ни тука ни таму, ни дење ни ноќе  од нивното маратонско караоке.   Кре-ке-ке, кре-ке, кре-ке! – пее жаба фолкерка Креее-ке! Креее-ке! Рок ју! – ѝ контрира рокерка Јо-мен, кре-ке!  – рапува жабец со часови веќе Кре-пи-хе-пи! – повторува реге жабец среќен.     Така до зори секој по свое си пее Мене ми се плаче тебе ти се смее. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Хористи Пролет, лето, есен, зима Лина свири на виолина Бела хармоника

Бегството на полжавот

од Ванчо Полазаревски Што е тоа? Да те фати страв, а не е – лав? Тоа е  сè околу нас, што под  итно бара спас. Божем убав  овој свет, овде смог, онде смет?! Место птици песнопојни, црцорат кеси,  разнобојни. Ја фати планетава криза нервна, а немаме   планета – резервна. И што сега, полжаву драг, на друга планета  не се бега! Сега и тука, во нас мора еко-срце  да чука. Планетава да ја чуваме, нема дилема, оти може еден ден  неа да ја нема. Илустрација: Наташа Костовска  Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден

Да ја чуваме планетата Земја!

22-ри април е Ден на планетата Земја. Тој се одбележува веќе педесет години, од 1970- тата година, за да нè потсети колку е важно да ја чуваме животната средина и да се грижиме за нашата планета. Грижата за природата е исклучително важна за нашето здравје и за нашата иднина.  Да ја чуваме планетата Да не ја загадуваме природата, да сортираме отпад, да рециклираме Да ги чуваме шумите, да садиме нови дрвја Да ги спасиме џунглите, белите дробови на планетата Да штедиме вода Да ја сакаме природата

Питонот-удав

од Румена Бужаровска Си бил еден питон што сакал да дави за сè што наводно знаел да прави. По патот ја сретнал шарката кутра – тој ден му била првата жртва.  Штом тој ја видел, фатил да збори за тоа како божемски знаел да твори: ем поет, ем сликар, ум без пандан, во средно ги прочитал и Хегел и Кант! И за скара бил махер, бил мајстор по дома, знаел до детаљ сè за корона.  „Слушај ме сега јас да ти кажам“ тоа му била најчестата фраза. Шарката не можела веќе да слуша: „Удав си ти, ме држиш за гуша!“ „Не знаеш да цениш, ти отровна змијо!“ Викнал и киднал зад првиот свиок.   Иако навредата била смешна и бедна, шарката извлекла поука вредна: „Јас да ти кажам“, „Слушај ти сега“ штом тоа чуеш – фати и бегај. Илустрација: Јана Јакимовска Од истите авторки: Себичната крава Грдиот крт Завеаното магаре Љубовниот бивол