од Ванчо Полазаревски

Што е тоа? Да те фати страв, а не е – лав? Тоа е сè околу нас, што под итно бара спас. Божем убав овој свет, овде смог, онде смет?! Место птици песнопојни, црцорат кеси, разнобојни. Ја фати планетава криза нервна, а немаме планета – резервна. И што сега, полжаву драг, на друга планета не се бега! Сега и тука, во нас мора еко-срце да чука. Планетава да ја чуваме, нема дилема, оти може еден ден неа да ја нема.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор:
Reblogged this on mmhumanity.
Ми се допаѓаМи се допаѓа