од Румена Бужаровска

Си бил еден питон што сакал да дави за сè што наводно знаел да прави. По патот ја сретнал шарката кутра – тој ден му била првата жртва. Штом тој ја видел, фатил да збори за тоа како божемски знаел да твори: ем поет, ем сликар, ум без пандан, во средно ги прочитал и Хегел и Кант! И за скара бил махер, бил мајстор по дома, знаел до детаљ сè за корона. „Слушај ме сега јас да ти кажам“ тоа му била најчестата фраза. Шарката не можела веќе да слуша: „Удав си ти, ме држиш за гуша!“ „Не знаеш да цениш, ти отровна змијо!“ Викнал и киднал зад првиот свиок. Иако навредата била смешна и бедна, шарката извлекла поука вредна: „Јас да ти кажам“, „Слушај ти сега“ штом тоа чуеш – фати и бегај.
Илустрација: Јана Јакимовска
Од истите авторки: