Ало

од Владимир Лукаш

В шумата има еден телефон
со прекрасен ѕвон
и сон на животните е 
бар еднаш да кажат „муу“ или „бее“
во слушалката, некогаш бела
а сега – извалкана цела.
Но ниту слонот, ниту мравчето мало
не научија да кажат – ало.
Сите в слушалката вреват,
ечи шумата цела
се слуша само зуеж, црцор, лаеж,
па дур и срамежливиот еж
стркалан в лисје 
знае в слушалка да писне.
Телефонот е изморен, му се спие,
но, каде да се скрие?
Зад секое дрво, грмушка ил тревка
ѕирка љубопитна ѕверка што го мерка.
Телефонот на лавот му се пожали
и овој се сожали
та рече: 
„Секое животно, па и црвот што се влече,
да му дозволи на кутриот телефон
да заплови в сон.
И тој мора да одмори, јасно?“
– нареди лавот гласно.
Јана Танчевска, 10 години
Клара, 8 години
Талиа, 6 години
Александра Стојковска, 7 години

Трудови на децата-учесници на Креативниот предизвик #2, организиран од авторот Владимир Лукаш, Чудна шума и Детскиот креативен центар во МКЦ (предавачи: Доротеј Нешовски и Билјана Црвенковска)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s