од Румена Бужаровска

Сината птичка си леткала в шума, црцорела „Колку е животот убав! Со моќта на умот дојдов до среќа! Изговор друг да чујам јас нејќам!“ Под камен видела преплашен глушец. Му рекла: „Зошто си, момче, ти стуштен? Пушти си крилја, летај ко мене! учев јас како – ќе ти текне и тебе!“ Потем ја сретнала страшливата срна. Ѝ рекла: „Судбината не ти е црна! Доста се плашиш од ловец, од волк! Испеј им песна, скрши ти молк!“ Крај потокот брз ја нашла и Меца, изгладнета, слаба, со три мали деца. „Што си ти Мецо морна и сува? јади, па легни – добра мисла те чува!“ Но не дочека одговор птичката пуста. Меца си зина – и ја пикна во уста.
Илустрација: Јана Јакимовска
Од истите авторки: