од Владимир Лукаш

Една мала алпака си имаше летна мака: ѝ беше ептен жешко под крзното тешко. „Како јамболија е, од мене пот лие, не можам веќе, морам да го слечам!“ И тргна пеш од Чиле до границата со Еквадор кај познатиот бербер Циле – озборувачот-гњаватор. И дур крзно ѝ сечкаше и со ножички ѕвечкаше, таа сфати оти направи грешка и почнаа солзи да ѝ течат. „Крзното ми е судено оти на Андите е студено. Да се стрижам се дрзнав и сега ќе се мрзнам...“ Но, пред да го напушти дуќанот запуштен, виде под една фолија – црвена јамболија. „Јамболијава се продава?“ – праша таа милно. „На сметката ќе ја додадам“ – одговори Циле. И така, малата алпака си доби што си сака без голема мака.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: