Песни, Списание „Чудна шума“
Напиши коментар

Вљубената светулка

од Александра Симова

Се вљубила силно
Преку глава и уши
Малата светулка
Во шумскиот глушец.
 
Го гледа одгоре
Свети сал за него 
Но глувчешките очи
Не гледаат до небо.
 
Го следи со поглед
Му ја осветлува ноќта
Кога тој оди на работа
Во шумската пошта.
 
Таа пее песнички,
Тој лепи марки!
Таа чита приказни,
Тој сонува чварки!
 
Кај да најде скала?
Да се симне в шума,
Да му бакне мустаци,
Да му каже: „Те љубам!“
 
Престана да јаде, 
Престана да зуи,
Не може да свети,
Едвај лебди, струи.
 
И одеднаш ѝ светна! 
Па зар вака да зајдам?!
Што барам од глушец?
Па светулец ќе најдам!
 
Летна горе, рашири крилја
Мешето веднаш светна
Виде светулец згоден
И срце и ум ѝ летна.
 
„Конечно, некој на ниво!“
Рекоа нејзините дома.
„Кај ли свадба ќе правевме
На стаорец да стане мома?!“
 
Сега летаат гушнати 
Фатени крило со крило
Светулката љуби силно
Ко ништо да не ни било.

Designed by Freepik


Од истата авторка:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s