Day: 27th Април 2020

Вљубеното прасе (аудио-верзија)

од Петар Андоновски Читаше: Марија Каева Дизајн на звук: Тони Стевковски Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Прочитајте ја песната ТУКА.

Најосамениот пингвин на светот

од Зоран Пеневски Пингвинот Пајко живееше на третата санта мраз од Големата жолта карпа и беше сам на светот. Секаде околу себе гледаше само мраз и снег, и црниот океан. Беше толку осамен, што одлучи сам себе да си напише писмо, да го стави во тегла и да го прати по океанската пошта. Ќе му биде забавно да го чека писмото, нестрпливо да види дали нешто ќе се промени. Воодушевен од својата идеја, отиде кај мајка си и ѝ побара лист хартија.   – Што ќе ти е хартијата? – праша мајка му.  – Сакам себеси да си напишам писмо. Многу сум осамен. – Добро – рече мајка му и му даде лист хартија. Пајко отрча тогаш кај белото мече Марко.  – Те молам дај ми молив.  – Што ќе ти е молив? – го праша Марко.  – Сакам да си напишам писмо затоа што сум многу осамен и затоа што никој не сака да разговара со мене.  – Не е лоша идеја да се занимаваш малку, особено кога ќе дојдеш дома по училиште – рече …