Додо
од Круме Беќар Португалец јас сум беден но и земјоделец мошне вреден богами и морнар смел да освојувам ми е цел. Разбрав дека во 10 век Арапите тргнале да бараат лек, па откриле еден остров мал, а Холанѓанец еден име му дал. Маврициус го нарекол тој и го сметал за остров свој но право на посед имаат и други иако се бедни слуги. По неколку века тргнав и јас за мојата беда да побарам спас ќе појдам, си реков, на тој остров чуден трудот мој не ќе е залуден. На брод се качив и тргнав смело со ведар дух и дигнато чело натоварив кокошки, кози и свињи а цел ми беше да посадам дињи. Пловев долго, мачно и тешко по време влажно, пеколно и жешко но, не жалам веќе за маката моја ја остварив конечно намерата своја. Од брод слегов и рајот го видов во густите шуми веднаш отидов си зедов мотика, секира и пила и искорнав сè до последна жила. Си направив нива голема и чиста си …