Песни, Списание „Чудна шума“
Напиши коментар

Вулканска песна

од Владимир Лукаш

Кога Попокатепетел кукурика,
жештина од него блика.
Сите в миг се будат,
се бунат та се чудат:

„В мугри ли најде, петлу стар,
ќе си поспиевме – скар!
Зошто олку рано нè секираш,
сега ли најде да се активираш?“

А Везув пиперки си везе,
Фуџи ракиичка си пие со мезе,
Етна си плете зимски шал,
Кракатау се токми за на бал.

Само Попокатепетел шизик се прави,
сите бегаат како муви без глави.
„Што ви е, луѓе, па само се зезав!“
– рече низ смеа вулканот блескав.

Илустрација: Иван Ивановски


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s