Додо

од Круме Беќар

Португалец јас сум беден
но и земјоделец мошне вреден
богами и морнар смел
да освојувам ми е цел.
 
Разбрав дека во 10 век
Арапите тргнале да бараат лек,
па откриле еден остров мал,
а Холанѓанец еден име му дал.
 
Маврициус го нарекол тој
и го сметал за остров свој
но право на посед имаат и други
иако се бедни слуги.
 
По неколку века тргнав и јас
за мојата беда да побарам спас
ќе појдам, си реков, на тој остров чуден
трудот мој не ќе е залуден.
 
На брод се качив и тргнав смело
со ведар дух и дигнато чело
натоварив кокошки, кози и свињи
а цел ми беше да посадам дињи.
 
Пловев долго, мачно и тешко
по време влажно, пеколно и жешко
но, не жалам веќе за маката моја
ја остварив конечно намерата своја.
 
Од брод слегов и рајот го видов
во густите шуми веднаш отидов
си зедов мотика, секира и пила
и искорнав сè до последна жила.
 
Си направив нива голема и чиста
си изградив колиба ко в Португал иста
и така изморен седејќи под сводот
го здогледав Додо.
 
Тоа беше чудна птица
дал клун има ил вилица?
како буре има тело
и се шета мошне смело.
 
Ниту лета, ниту грака
шета, колва, нема мака
а оти ѝ беше смешен одот
ја нареков Додо.
 
И минеше живот и течеше време
притиснати сите од своето бреме
го ништевме островот, тој природен рај
не знаејќи дека на Додо му доаѓа крај.
 
Во потрага тргнав Додо да го барам
се заколнав дека љубов ќе му дарам
но од него останале само клун и пета,
а здрав и жив беше пред неколку лета.
 
Сега седам тажен, напуштен и сам
во душата селска јас чувствувам срам
на срцето мое ич не му е лесно
штом го нема Додо да прошета смешно.

Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s