
Птицата Додо живеела на Маврициус, остров во Индискиот Океан, но сега таа е изумрена поради неодговорното однесување на човекот. Додо живеела само на овој остров и на ниедно друго место во светот – што значи дека била ендемична само за Маврициус.
Додо птиците не летале, иако имале малечки крилја. Тие ги правеле своите гнезда на земја, па затоа јајцата им биле незаштитени. Но, бидејќи овие птици живееле во комплетна изолација, на остров каде што немало други опасности, тие не се плашеле од луѓето кои дошле на Маврициус во 1507 година – португалските морепловци. Португалците почнале да ги ловат птиците Додо, додека животните што тие ги донеле со бродовите – свињите, стаорците и сл., ги јаделе незаштитените јајца од гнездата на Додо.
Поради ова, птицата Додо како вид изумрела до 1690 година.