Бушави ноти

од Владимир Лукаш

Кога животните музика слушаат
тие веднаш крзното го бушават.
Си замислуваат сјаен подиум
и го заклучуваат својот ум 
за да не им пречи
музиката дур’ ечи.
Но, пребирливи се тие,
тешко фалш да им се скрие,
го слушаат секој тон
и внатре и вон.
Магарето свири гитара,
штурчето – виолина стара,
слонот, нели – тромбон
а колибрито пее баритон.
Мравојадот тропа на тапани
и од соседите добива закани:
„Ушите ни ги дупна“ – му велат,
кај и да е – ќе се селат.
А што прави работливата мравка?
Ене ја, игра со лудата чавка,
а до нив е и смотаниот ној
– птицата без чувство за пој.
Жирафата секогаш диригира,
и со вратот свој тактира,
на тие што грешат не им вика
зашто е нема како слика.

КРЕАТИВЕН ПРЕДИЗВИК ЗА МАЛИТЕ УМЕТНИЦИ

Во песничката што ја прочитавте се споменуваат и магаре што свири гитара, мравојад што тропа на тапани, жирафа-диригент… Нацртајте ги овие животни или други животни по ваш избор, како свират, пеат или танцуваат и испратете ни ги на chudnasuma@gmail.com, а ние ќе ги објавиме на нашата страница. Ве очекуваме!


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s