од Снежана Стојчевска

Мора да го знаете, од приказни разни од дамнешни времиња, од бајки и сказни, змејот огноблујач во пештера чека, принц на бел коњ, со војска цела чета. За јунаштво гладен принцот на двобој го кани, нема да му дозволи со негови овци да се рани. Но друг проблем змејот го мори, за еднаквост тој мора да се бори. Му здодеа веќе да живее во беда Нема кај да мрдне, в место една педа. Со векови в пештера, а принцот во замок, па каков е, ви се молам, овој живот срамен? Зарем јас нему не сум му рамен? Се налутил змејот, со сета сила дувнал и замокот дури в небо го бувнал. Се вселил весел во замок красен, и на небо, и на земја оттогаш е скрасен.
Автор на илустрацијата: Калин Маловски
Од истата авторка: