Day: 2nd Мај 2020

Трилиони клети

од Владимир Лукаш Решил слонот да отвори фирма и ја нарекол, едноставно – „Бивна“. Тргувал со банани и киви, со цреши и модри сливи, со кајсии, мушмули и манго, со зумбули и чевли за танго. „Чевлите се јадат?“ Како ли се садат? – прашала овцата певливо со гласче тенко, бевливо. „Какво садење, какви бакрачи! Со такви прашања не ме мачи! Туку, продавам и торти, ги испорачувам до порти“ – рекол слонот и кивнал оти в студена река пливнал. Бизнисот му цветал ко кокиче в зима, сметката в банка му растела ко плима и набргу добил идеја смела да отвори фабрика цела, да вработи соколи и врапци, да вработи гнуа и жапци, да стане индустријалец прав и в петоци да јаде тартуфи со грав. И така, слонот си фантазирал и до небо си се идеализирал, си замислувал дека е трилионер дека кралот му дарил титула Сер, дека измислил нов елемент, дека свири во славен бенд, дека според него нарекле планета, дека вселенски брод в двор му слетал, дека слоницата Сурлана – убавица без мана во него …