Day: 3rd Мај 2020

Заспана басна

од Владимир Лукаш Кога бувовите спијат, глувците облека шијат, ноевите лице мијат, а дождот лие ли лие.   Кога бувовите спијат, срните вода пијат, врапците в гнездо се кријат, а ветрот вие ли вие.   Кога бувовите спијат, кртовите се на ниет дупки в земја да ријат, а срцата им бијат ли бијат.   А што сонуваат тие ноќни птици? Како глумат на театарски штици! Езоп и Лафонтен ги изведуваат  и сите се радуваат ли радуваат. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети

Се шета Миливојче

од Ана Голејшка Џикова Се шета Миливојче Бубаче мало По празни плоштади Низ пустото маало.   Со чадорче за дождец И чевлички сини Се прашува кај се сите Кога ќе ги види?   Слушна за некаква Кралица со круна Ги скрила сите по дома И не смеат да се бунат.   Кутар Миливојче, Тропна на врата Му отвора со маска Малечката мравка.   – Што бараш Миливојче? – Другарчиња! – тажно кажа. – Нема никој надвор, Каква е оваа саботажа? Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истата авторка: Сонливото зајаче Гасеница малечка Пролет Пиле во карантин Глувчето со полно меше Шумско диско Штркот манекен Песна за добра ноќ