од Ана Голејшка Џикова

Се шета Миливојче Бубаче мало По празни плоштади Низ пустото маало. Со чадорче за дождец И чевлички сини Се прашува кај се сите Кога ќе ги види? Слушна за некаква Кралица со круна Ги скрила сите по дома И не смеат да се бунат. Кутар Миливојче, Тропна на врата Му отвора со маска Малечката мравка. – Што бараш Миливојче? – Другарчиња! – тажно кажа. – Нема никој надвор, Каква е оваа саботажа?
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истата авторка: