Day: 4th Мај 2020

Еж и ежица

од Ванчо Полазаревски Ежот ерген тргнал дома, патем сретнал ежица мома. Се сопнал од срам, и ежицата ја облеал љубовен плам. Се наежиле и двата, и по многу премрежиња, ене ги денес, во шумата, со сурија мали ежиња. Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден

Гладната лама

од Румена Бужаровска Крај богата софра седната беше гладната лама и полнеше меше.  Си мезеше сласно – да ти е милина! – без да си мисли ич на тежина. Плуцкаше гласно, мљацкаше страсно лапкаше еднакво и посно и масно.    Крај софрата помина крмакот сам. Ѝ рече: „Ламо, зар не ти е срам? Ти госпоѓа не си ако вака си буташ! Дамата не јаде, а камоли плука! Никогаш ти не ќе најдеш маж! А ќе настегаш кила, и во години стаж! Дамите пазат на својата линија и носот не им е пикнат во чинија!“   „Мене ми збориш што јадеш ко свиња, гровташ кај стигнеш и се бањаш во тиња? Имам амбиции да бидам јас дама кo ти што би бил свинска салама.  А со ваква забелешка не си ни прв!“   Му рече, го плукна, и му заврти грб.   Илустрација: Јана Јакимовска Од истите авторки: Себичната крава Грдиот крт Завеаното магаре Љубовниот бивол Питонот-удав Сината птичка