од Румена Бужаровска

Крај богата софра седната беше гладната лама и полнеше меше. Си мезеше сласно – да ти е милина! – без да си мисли ич на тежина. Плуцкаше гласно, мљацкаше страсно лапкаше еднакво и посно и масно. Крај софрата помина крмакот сам. Ѝ рече: „Ламо, зар не ти е срам? Ти госпоѓа не си ако вака си буташ! Дамата не јаде, а камоли плука! Никогаш ти не ќе најдеш маж! А ќе настегаш кила, и во години стаж! Дамите пазат на својата линија и носот не им е пикнат во чинија!“ „Мене ми збориш што јадеш ко свиња, гровташ кај стигнеш и се бањаш во тиња? Имам амбиции да бидам јас дама кo ти што би бил свинска салама. А со ваква забелешка не си ни прв!“ Му рече, го плукна, и му заврти грб.
Илустрација: Јана Јакимовска
Од истите авторки: