Day: 5th Мај 2020

Шифрирана песна

од Славе Ѓорѓо Димоски 17,1, 31,11,19,23    22,3,7, 23 17,1, 31,11,19,23      22,3,7, 23 7    20,21,7,20,25,16, 20,1,17      2,1,14,19,17 17,19     17,7     2,11     20,25,13,17,1,14 5,1     4,19    9,4,1,9,11     11     22,14,19,17 За да ја дешифрирате оваа песна, треба да ги замените бројките со буквите од азбуката. 🙂 Проверете го одговорот ТУКА. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Два вируса Песна за снежниот човек Жирафо, луда главо

Мите и Рина

од Владимир Лукаш Има еден еднорог смотан што не разликува прополис од пропан, што мисли дека мачката е волк и вревата ја нарекува – молк. Единствен е од својата сорта што минал низ митската порта, но животните го сметаат за свој, иако штиците не му се на број. Тој се вика Димитар и свири на ситар, но в шумата сите го викаат Мите. Вљубен е во носорогицата Рина која в чудење зина, кога еднорогот без акал ѝ шепна: „Те сакам“. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети