од Владимир Лукаш

Има еден еднорог смотан што не разликува прополис од пропан, што мисли дека мачката е волк и вревата ја нарекува – молк. Единствен е од својата сорта што минал низ митската порта, но животните го сметаат за свој, иако штиците не му се на број. Тој се вика Димитар и свири на ситар, но в шумата сите го викаат Мите. Вљубен е во носорогицата Рина која в чудење зина, кога еднорогот без акал ѝ шепна: „Те сакам“.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: