Што да читаме неделава? (4)
Чудна шума препорачува… Денеска во нашата читална препорачуваме неколку преубави книги за деца. 🙂
Чудна шума препорачува… Денеска во нашата читална препорачуваме неколку преубави книги за деца. 🙂
од Долорес Атанасова – Лори Се замислил облакот Сив, ги начул лисјата како шушкаат дека е многу бесен и див. Се замолчил од повреден што бил, по небото престанал да ровари тој, од дрвјата и животинките се скрил. Сонцето почнало да свети и пече, од ден на ден поуморно било, сончевите зраци немало кој да ги пресече. Дрвја, треви, почнале боја да менуваат, од суша и жед да се закашлуваат, од облакот Сив глас и трага да бараат. Се собрале ветрови од сите страни, сите фурии, сите ветриња нежни и мали, тие облакот Сив го сакале со сите негови маани. Го барале сите здружено зад планини, низ дрвја и под крилја од птици во лет, во бунари стари и осамени рамнини. Низ шумите и планините свиреж одекна, на ветровите јазикот јасен и гласен, по нив сите почнаа, дури и жабата крекна: „Се бара облакот Сив таков каков што е, бесен и див, да дојде, да го разигра небово сино, сѐ што жеднее, сѐ живо и диво! Се бара …
од Роберт Луис Стивенсон За дамчести јајца птицата пее, За високи на гранките гнезда. Морнарот пее за ветрот што вее, За бродовите по море што ездат. Децата пеат в далека Јапонија, Децата пеат и во Шпанија, И органата на органистот пее, Пее гласно на дождот што лее. Препев: Билјана Црвенковска