Врвци од црвци
од Владимир Лукаш Една стоногалка си има проблем голем: в пролетна клима таа кива од полен. Кога ќе кивне не може да здивне и чевлите ѝ летаат, в паника шетаат низ шумата цела, низ градови и села, марамчиња да ѝ најдат пред сонцето да зајде, оти без светлосен зрак ќе се загубат в мрак. На стоногалката ѝ здодеа мракот чевлите да ѝ ги задева и пред да испари белиот снег таа појде на речниот брег, набра сто светлечки црвци и сплете сто светлечки врвци за нејзините чевли шарени ноќе да не скитаат ко попарени. Илустрација: Катерина Николовска Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети