од Владимир Лукаш

Една стоногалка си има проблем голем: в пролетна клима таа кива од полен. Кога ќе кивне не може да здивне и чевлите ѝ летаат, в паника шетаат низ шумата цела, низ градови и села, марамчиња да ѝ најдат пред сонцето да зајде, оти без светлосен зрак ќе се загубат в мрак. На стоногалката ѝ здодеа мракот чевлите да ѝ ги задева и пред да испари белиот снег таа појде на речниот брег, набра сто светлечки црвци и сплете сто светлечки врвци за нејзините чевли шарени ноќе да не скитаат ко попарени.
Илустрација: Катерина Николовска
Од истиот автор: