Пајакот сеирџија
од Владимир Лукаш Пајакот плете свилени мрежи и потоа долго на нив си лежи. Си ужива така со часови и слуша разни гласови. Сеир им фаќа на закарани мечки што се тепаат со кадифени влечки, сеир му фаќа на рисот што ‘ржи кога лути пиперчиња пржи, сеир ѝ фаќа на лисицата мудра кога кива од бебешка пудра, сеир им фаќа на брливите стоногалки кога губат на карти од страшните богомолки. Си лежи така и под мустаќ се смее, срцето нему сеир му го грее. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети