од Владимир Лукаш

Пајакот плете свилени мрежи и потоа долго на нив си лежи. Си ужива така со часови и слуша разни гласови. Сеир им фаќа на закарани мечки што се тепаат со кадифени влечки, сеир му фаќа на рисот што ‘ржи кога лути пиперчиња пржи, сеир ѝ фаќа на лисицата мудра кога кива од бебешка пудра, сеир им фаќа на брливите стоногалки кога губат на карти од страшните богомолки. Си лежи така и под мустаќ се смее, срцето нему сеир му го грее.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: