Day: 9th Мај 2020

Слонот од сонот

од Марта Чупевска Уши кренал  Сурла свил Тежок чекор Поглед мил Омилен е овој див Слонот голем, сив.   Ноќта паѓа Сурла писка Дете спие, Јорган стиска. Слон доаѓа в сон.   Каде одат? Што ли в сонот прават? Само тие знаат. Летаат ли ил се смеат, Може само песни пеат.   Над креветот тој стои Со мене овци брои Џинот од еден тон –  Другарот мој СЛОН! Илустрација: Бојан Ивановиќ Од истата авторка: Собата на Вук Гатанка една, една ама вредна (1)