Изброј ги бубачките!
Кој е точниот одговор? Колку инсекти има на секоја слика?
Кој е точниот одговор? Колку инсекти има на секоја слика?
од Круме Беќар Смрдибуба една реши да се бања се избања, се избања и оп, пеперутка стана. Со својата убавина сега цветовите ги краси од сјајот на крилјата дури и сонцето се гаси. Бубачките сите во неа се вљубени шансите за мажачка не се изгубени. Вилиното коњче во неа толку се вљуби сака да се жени главата ја губи. И свадбата бидна се зедоа тие крај рекичка мала за гнездо да се свие. Вилиното коњче над водата кружи ја вика и неа и таа да се дружи. А таа на брегот во калта си лежи за својата убавина веќе ич не се грижи. Еден ден стана и балегар виде тоа што го тркалаше многу ѝ се свиде. Го напушти коњчето со смрдлето се здружи, па афера нова низ шумата кружи. Убавата пеперутка престана да се бања и така повторно смрдибуба стана. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Болен зајко Додо
Балегарот, познат и како скарабеј, лепешкар или бумбар-лепешкар е голем, темен тврдокрилен инсект кој се храни со изметот на цицачите и во него ги положува своите јајца. Има повеќе видови балегари. Некои од нив го закопуваат изметот во земјата, но други знаат да направат големо, совршено округло топче од изметот и да го туркаат пред себе. Балегарите се познати по тоа што можат да кренат тежина поголема од нивната сопствена. И покрај тоа што го јадат изметот на животните и го закопуваат, всушност со тоа тие придонесуваат за плодноста на почвата. Да, балегарите се многу корисни инсекти.
Постојат различни видови смрдибуби – инсекти кои испуштаат силен мирис за да се заштитат од непосредна опасност. Иако тие се од различни фамилии инсекти, потекнуваат од различни делови на светот и имаат различен изглед и боја, луѓето ги нарекуваат смрдибуби или смрдливи бубачки. Сите смрдибуби се сметаат за штетници, односно тие ги јадат и уништуваат корисните растенија.
од Румена Бужаровска Си бил еден горд, вознемирен црв. На сите им врескал „во сè сум јас прв! Мислите мал сум, ме викате ’црв’!? Бујрум кај мене, ќе падне и крв! На кого ли тука му е од мене трт? Елате овде! Се борам до смрт!“ Се дуел, се силел, се пенавел тој, па ја викнал скорпијата на мегдан, на бој. „Страшна си ти, со опаш со боцка? Дури око да трепне јас ќе те скоцкам! Дојди бре, акреп! Ќе јадеш ти бокс! Ќе ти го скршам тој грд и невидлив нос!“ И ракавици црвот за бојот си земал. Ама изгубил. Оти, раце тој немал. Илустрација: Јана Јакимовска Од истите авторки: Себичната крава Грдиот крт Завеаното магаре Љубовниот бивол Питонот-удав Сината птичка Гладната лама