
Балегарот, познат и како скарабеј, лепешкар или бумбар-лепешкар е голем, темен тврдокрилен инсект кој се храни со изметот на цицачите и во него ги положува своите јајца. Има повеќе видови балегари. Некои од нив го закопуваат изметот во земјата, но други знаат да направат големо, совршено округло топче од изметот и да го туркаат пред себе. Балегарите се познати по тоа што можат да кренат тежина поголема од нивната сопствена.
И покрај тоа што го јадат изметот на животните и го закопуваат, всушност со тоа тие придонесуваат за плодноста на почвата. Да, балегарите се многу корисни инсекти.
