од Круме Беќар

Смрдибуба една реши да се бања се избања, се избања и оп, пеперутка стана. Со својата убавина сега цветовите ги краси од сјајот на крилјата дури и сонцето се гаси. Бубачките сите во неа се вљубени шансите за мажачка не се изгубени. Вилиното коњче во неа толку се вљуби сака да се жени главата ја губи. И свадбата бидна се зедоа тие крај рекичка мала за гнездо да се свие. Вилиното коњче над водата кружи ја вика и неа и таа да се дружи. А таа на брегот во калта си лежи за својата убавина веќе ич не се грижи. Еден ден стана и балегар виде тоа што го тркалаше многу ѝ се свиде. Го напушти коњчето со смрдлето се здружи, па афера нова низ шумата кружи. Убавата пеперутка престана да се бања и така повторно смрдибуба стана.
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: