Совесната ајкула
од Румена Бужаровска Во морето ширно си живееше ајкула што реши: ќе јадела само брокула. „Јадењето брокула е чесно и здраво, а голтањето риби е злосторство право!“ – ѝ рече на мајка си ајкулата млада а таа ѝ одговори со очај и тага: „Имаш ти правична и совесна душа, ама лапни бар ракче или некоја скуша!“ Брокулата, знаеш, не расте во вода и финансиски нè истошти новава мода! Ние сепак сме ајкули и јадеме риби, а брокула увезувам дури од Кариби!“ „Баш ми е гајле!“ ајкулата лута продолжи пркосно брокула да бута. „Предаторка јас одбивам да бидам макар и очи веќе да не ви видам!“ И навистина, таа остана сама и тажна: Никој не ја дружеше ајкулава важна. Оти зад себе оставаше вода што смрди, А знаете… од брокула многу се ––––– Илустрација: Јана Јакимовска Од истите авторки: Себичната крава Грдиот крт Завеаното магаре Љубовниот бивол Питонот-удав Сината птичка Гладната лама Гордиот црв