од Славе Ѓорѓо Димоски

Љубопитен сум, ми бучи глава: Во џебот кенгурот што става? Можеби пустинска песок зел? Или од ѕвезденото небо дел? Можеби сончев залез од океан? Или само здив од неговиот бран? Или волшепствата на некој врач? Можеби пак далечен детски плач? Можеби сон на птица што лета? Или пак скриен ловец на ветар? Во џебот кенгурот што ли става? Љубопитството мир не ми дава. Љубопитството расте, и ме гребе: Од џебот ѕирна кенгурче-бебе!
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
Од истиот автор: