Day: 14th Мај 2020

Баба Рога вежба јога

од Ванчо Полазаревски Што е ова, мода нова, никој веќе од децата наши, од Баба Рога не се плаши.   Како да се плашат кога ептен се  смени светот, на децата не  им се закануваат со Баба Рога, туку со исклучување  на интернетот!   „Ако не ме слушаш, ако не учиш…!” вика таткото  целиот вцрвенет „…нема веќе интернет!”   Затоа Баба Рога реши да вежба јога, фитнес и џогирање, и ненервирање.   Од светското Здружение за  за страшила веднаш ја заплашија: – Ти вака… уште некој ден, веќе не си наш член.   Што направи Баба Рога? Ништо. Мртва ладна продолжи да вежба јога. Илустрација: Алексеј Костовски Од истиот автор: