од Тања Аждаја

Си пробал ли ти да леташ во сон, да кроиш сам сни? Соновен бонтон ти е тоа чудо, може нилски коњ да научи џудо; Глеј – змија скока ко кенгур во трк, фока јаде смока, мустаќ сука штрк. „Како се прави“, се прашуваш ти, „в сонливи глави и во детски сни свет да се стави што не постои?“ Земи малку мрак – Нека отстои... Часовник навиј… „Даладинг, штрак, штрак!“ В ќебе време завиј и страк од сончев зрак. Зев...тик-так...зев...тик-так...
илустрација: Ване Костуранов
Од истата авторка: