Day: 16th Мај 2020

Мачки и скачки

од Владимир Лукаш Си зборувале две мачки вооружени со чатали и пачки, колку преданија знаат за влакнестите чуда што лаат. „Знам дека има боксери, питбули, чивави и кокери, доги, шарпеи и пекинезери, хаски, пудли и малтезери. Но сите имаат ист предок  – еден сив волк редок. Тој не бркал мачки, ниту врапци ниту страчки туку пред пештера си стоел и кромањонски залчиња броел. Еден ден се припитомил, од дивтар станал пес мил и набргу се скачкал со пештерската мачка… Оттогаш нашето ривалство трае, до кога – тоа никој не го знае“ – рекла едната мачка и испукала опасна пачка кон едно кутре смотано в двор што им се мотало. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети Заспана …