Day: 19th Мај 2020

Шумски семафор

од Ванчо Полазаревски Во шума лази, не стои, семафор во разни бои. Наоколу болскоти зелено… Тој, иста боја – проверено! Зад него, растура боја лила, и тој лила, му била многу мила. Цвет, сиот жолта сеанса, овој,  бргу-бргу – иста нијанса. Чуден некој бонтон, за секој реон – нов креон, шарениот лазач,  шарениот лажач, сонливиот камелеон. А еве што изјави он: „Што  да правам? Ми се може, вечно ново руво ставам. Секоја боја ми е како…моја?“ Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден