Читална
Напиши коментар

Што да читаме неделава? (5)

Чудна шума препорачува

Денеска во нашата читална препорачуваме седум прекрасни книги за деца. 🙂

Сликовницата „Бел“ од Ника Гавровска и илустрации на Ристо Аврамовски, во издание на Гаврош.

Една зимска ноќ, кога случајно ќе забележи едно необично бело дете, долу на улиците под неа, љубопитната Месечина ќе тргне по него и ќе заталка во денот. Не само што Месечината ќе го следи таа вечер, туку ќе остане негова пријателка сè до денот кога тој ќе ја продаде и ноќите во градот ќе станат сосема темни. 
Бел е современа илустрирана бајка за чудесното пријателство помеѓу малиот Бел и Месечината. Бел е приказна за осаменоста на небото полно со ѕвезди, онаа вистинската осаменост на оние на кои им недостига љубов. Ова е приказна за неизмерната љубов, каква што е мајчинската.

Sирнете во сликовницата ТУКА.

Нарачајте онлајн


Книгата за деца „Сплесканиот зајак“ од Бардур Оскарсон, во издание на ПНВ Публикации.

...Куче и стаорец си оделе по патот и наишле на зајак. Сплескан зајак. Тоа им се видело мошне тажно, па решиле да го преместат. Но каде би го однеле? Што да се прави со сплескан зајак?
Оваа книга за деца е преведена на повеќе од десет светски јазици, како и другите дела од овој извонреден автор. Но, она што книгата ја прави посебна, е тоа што таа е подеднакво забавна и за децата и за возрасните!

Sирнете во книгата ТУКА.

Нарачајте онлајн


Книгата за деца „Градината на китот“ од Тон Телеген, во издание на ТРИ.

Китот кој живее среде океанот има многу чудна желба – сака да има убава градина на грбот, а не само фонтана. Така животните ќе можат да го посетуваат и тој нема да се чувствува толку осамен. Му праќа писмо на Скакулецот дрводелец, кој набрзо пристигнува со својот чамец и потребните реквизити – цвеќиња, овошни дрвја, оградички, клупа за седење, па дури и мала шупа со пајажина на прозорецот. Набрзо осамениот кит добива прекрасна градина…

Нарачајте онлајн


Сликовницата „Празнина“ на Ана Лјенас, во издание на Сказнувалка.

Јулија има голема празнина
и ништо не ѝ се допаѓа.
На илјадници начини се обидува да ја пополни, да ја избрише.
Ќе успее ли во тоа?
Животот е полн со средби. Но, и со загуби.
Понекогаш овие загуби се безначајни, како кога ќе изгубиш молив или лист хартија.
Но, има и поинакви загуби, како кога ќе изгубиш нешто што ти е важно – здравјето или сакана личност.
Празнина е книга што ни зборува за нашата способност да се бориме или да се справиме со неволјите, но и да ја пронајдеме смислата на животот.

Sирнете во сликовницата ТУКА и ТУКА.

Нарачајте онлајн


Книгата „Бонтон за деца (Правила за добро однесување)на Билјана С. Црвенковска и илустрации на Тхе Мичо, во издание на Светот на Биби.

Забавна и хумористична сликовница со која, преку повеќе примери и ситуации, децата ќе ги научат правилата на добро однесување.

Нарачајте онлајн


Книгата за деца „Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите“ на Радек Мали и илустрации на Галина Миклинова, во издание на Бегемот.

Ретко кој ја сака есента. Во градовите жолта магла, смог и кисел дожд, во шумите суров студ, а на голите полиња – влажна земја. Токму во такво сурово невреме во шипкова грмушка се среќаваат двајца мали кревки бездомници… Приказната за Франтишек од костенот и Анежка од сончогледите е расказ за средба и за долго патување, кое на крајот е поважно од тоа до каде, всушност, треба да стигнеме. Патот станува поважен од целта. 

Прочитајте извадок од сликовницата ТУКА или симнете пдф-документ ТУКА.

Нарачајте онлајн ТУКА или ТУКА.


Книгата со песни за деца „Синиот зајак“ на Душко Радовиќ и илустрации на Александар Иванов, во издание на Темплум. Преводот е на Пандалф Вулкански.

Си бил еднаш еден лав...
Каков лав?
Страшен лав,
накострешен, сеел страв!
Страшно, страшно!
Да ти одел на три нозе,
да ти гледал на три очи,
да ти слушал на три уши...
Страшно, страшно!
Не прашувајте ‒ што јадел.
Тој ти јадел сè што најдел
‒ трамвај цел
и од облак дел!
Страшно, страшно!
Погледот зло му сјаел,
за милост тој не знаел!
Страшно страшно!
Додека Бране него
со гумата не го 
избришал!
Страшно, страшно!

Нарачајте онлајн


Што читавме минатите недели:


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s