Day: 21st Мај 2020

Нилско коњче

од Ванчо Полазаревски Нилско коњче, слатко бонбонче, порасна и дојде доба во некоја секција да се проба. Тате, заради семејниот образ беше тој да вежба хокеј на мраз. Стрико му, без многу врева, да запне малку со тоа рагби на трева. Мама, нилска коњица, исто, слатка бонбоница, позната по вкус и чувство за естетика, повеќе беше за нешто во атлетика. Фрлање копје, ѓуле… или полесно градиво – да речеме, фрлање кладиво. А нилското коњче, слаткото бонбонче, леле, за резил и срам, пред чесниот нилски свет, одбра – часови по балет. Илустрација: Наташа Костовска Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета Велигден