Day: 23rd Мај 2020

Шарена преобразба

од Владимир Лукаш „Не сакам да се преобразам,  оти многу ќе се вообразам!  Вечно сакам гасеница да бидам,  од лист на лист да си идам,  да си останам слатко цуце,  бавничко зеленко буце.“ – гасеницата на кожурецот му рече,  една пеперутка утрово што го слече.  А кожурецот со раменици слегна,  срце од жал му се стегна.  „Гасениче, животот е тоа,  барем не си песја болва.  Против природата не може да идеш,  гасеница си денес, утре пеперутка ќе бидеш.“ Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети Заспана басна Мите и Рина Врвци од црвци Пајакот сеирџија Мачки и скачки