Day: 24th Мај 2020

Лајош и цветот

од Владимир Лукаш Едно куче низ шума се шлае и на сè што ќе види – му лае. Лае на верверички, на рисови, на реки, низини и висови, лае и на петкаши и на кецаши, лае и в сон, сништата ги плаши. Лае кога пие, лае кога јаде, сите гледаат да фатат џаде. В шума само „ав, ав“ се слуша, ни за миг не запира песот бушав. Само кога цути еден редок цвет замолкнува тој вревливко клет. Крај цветот лежи, нежно го душка, дур’ пупката вљубено му шушка. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik. Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Братство и единство Магарешка песна 100.001-та песна Ав, австралиска песна Капка Клукчо Духот Плух Балада за паунот далтонист Безболна песна Вљубени хиени Љубовна караница Желка на елка Сон, слон и балон Дилема Ало Јамболијава се продава? Време е за станување! Вулканска песна Бушави ноти Трилиони клети Заспана басна Мите и Рина Врвци од црвци Пајакот сеирџија Мачки и скачки

Ѕверка со црна перка

од Ванчо Полазаревски Ајкулче едно од тинејџ доба до некои вистини да дојде, проба:   – Мамо, од нас, од тетки и стрини наши, сè живо се плаши. А видат перка секој вреска, Бегај! Опасна ѕверка! Стално иста шема, за миг, жива душа нема. Туристи, глави им чадат, билети за дома, трчаат, вадат.    – Такви сме ние, куршум не нè бие. Секоја ајкула, мускул до мускула. Таков ни е сојот, твојот, мојот. Имаме само една мана, цел ден мислиме на храна.   Ама, да ти кажам сине, и морето има лоша страна, секој, секому е – храна. Затоа сите се под стрес… па дури и ти, иако си морски пес. Илустрација: Алексеј Костовски Од истиот автор: Гатанки чудни за деца будни (1) Гатанки чудни за деца будни (2) Гатанки чудни за деца будни (3) Гатанки чудни за деца будни (4) Гатанки чудни за деца будни (5) Гатанки чудни за деца будни (6) Гатанки чудни за деца будни (7) Проф. д-р Апри-ли-ли-ли Бара Еден був рече „Уф“ Модна ревија Камила на море Желката џогира Мачорот Eстета …